loading...

Амди Бајрам: Јас секогаш сум со народот и власта! Кога видов дека бродот на ВМРО тоне, му се извинив на Заев и свртев нов лист!

loading...
0Shares

Амди Бајрам, лидер на Сојузот на Ромите станува дел од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ – е веста која што денес ја потврди премиерот Зоран Заев. Според него, тој нема да добие министерски места, туку одговорност на други позиции.

Во телефонски разговор за ,,Фокус’’,  Бајрам вели дека е презадоволен и благодарен за оваа одлука. Според него, во последните пет месеци, откако бил независен, тој ја поддржал власта, па затоа и очекувано станал дел од мнозинството.

-Каде е народот, таму сум и јас. Морам да мислам на Ромите, ние не сме силен народ, и никогаш не сум криел дека јас сум секогаш со власта. Нема место за глума или фолирање, ние сме секогаш со победниците, со оние на кои мнозинството им ја дало довербата – тврди Амди.

Тој додава дека кога започнал да сфаќа како бродот на ВМРО ДМПНЕ тоне, решил да сврти нов лист.

loading...
WpCoderX