Анита Ангеловска – Бежоска ќе биде нова гувернерка на Народна Банка

loading...
0Shares

Анита Ангеловска – Бежоска, актуелен вицегувернер во НБРМ е новиот предлог на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов за гувернер на Народнат банка на Република Македонија, соопштија за МИА од кабинетот на шефот на државата.

Новиот предлог на Иванов следи откако денеска добил писмено известување од Димитар Богов дека се повлекува од кандидатурата за гувернер на НБРМ.
Претседателот на Република Македонија новиот предлог го доставил денеска до Собранието на Република Македонија.

Претседателот Иванов смета дека Анита Ангеловска-Бежоска, која доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка на Република Македонија е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.

Предлогот на претседателот Иванов за Гувернер на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска е осум години на функцијата вицегувернер во Народната банка на Република Македонија, задолжен за областите монетарна политика, истражување и статистика.

Анита Ангеловска-Бежоска, на предлог на Димитар Богов, гувернерот на НБРМ, на 20 септември 2017 година во Собранието на Република Македонија, со 97 гласа „за“ беше реизбрана за вицегувернер на Народната Банка.

0Shares
loading...
WpCoderX