loading...

Арнаудова: Нема да пееме за концентрациони логори! Нема да пеете за логори туку за државни пари, платени од народот

loading...
228Shares

Откако денеска дел од пејачите ангажирани да пеат на утрешната прослава по повод добивањето покана  за отпочнување преговори за НАТО тврдеа дека не знаеле воопшто за што е прославата, со спротивен став од нив излезе пејачката Кристина Арнаудова.

Таа во изјава за „Фокус“ вели дека не и е јасно како може да не знаат за што се ангажирани, кога претходно потпишале договори.

„Не разбирам како може некој да не знае. Особено што се работи за луѓе, едуцирани, интелегентни, и особено што имаме договор во кој пишува се. На крајот на краиштата, што е проблемот. Не се пее за поддржување на фашизам и концентрациони логори, војни и убиства…Се пее за нешто сосема спротивно од сето тоа. Од каде е потребата некој да се дистанцира. Не разбирам. Ние сите сме пеjачи и јас лично сум пеела на стотици различни настани, прослави од различен тип. Не знам зошто е проблем баш ова – истакна Арнаудова.

loading...
WpCoderX