БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ИСПАДНА ВО ВТОРА ЛИГА

0Shares

Шкендија и во рамките на последното коло од ПМФЛ ја покажа својата шампионска форма, го совлада Пелистер со 4-0 (1-0) и го испрати во ВМФЛ. Вреди да се потенцира дека натпреварот се играше по одлични услови и прилично исполнети трибини на стадионот во Тетово, кои по завршувањето на натпреварот ќе го следат официјалното предавање на шампионскиот трофеј.

Од самиот старт на натпреварот Шкендија доминираше, а во петтата минута Ибраими не реализира пенал. Веднаш потоа тетовчани се заканија и преку Цуцули, чиј удар од далечина заврши покрај голот. Следеше прекрасен продор и на Ибраими, но Радевски за малку не го испрати неговиот центаршут. Во 12. минута се закани и Жуниор, но топката мина покрај стативата. Во продолжение на првиот дел шансите за „црвено-црните” се редеа како на филмска лента, се закани и Ибраими но голманот на Пелистер одлично одбрани.

Пелистер во првото полувреме буквално не можеше да излезе од својот шеснаесетник, а иницијативата на Шкендија вроди со плод во самиот финиш. Најпрво 40. минута Алими извонредно биеше, а Атанасовски со пантерски скок повторно одбрани, но пет минути подоцна неспретно реагираше по еден корнер на Шкендија, тоа го искористи Мевлан Адили и донесе заслужена предност од 1-0 за својот тим по првите 45 минути.

0Shares
loading...
Inline
Inline
WpCoderX