Home / Uncategorized / БУГАРСКА НОВИНАРКА: ЗАЕВ УБЕДЛИВО ЌЕ ПОБЕДИ НА СЛЕДНИ ИЗБОРИ

БУГАРСКА НОВИНАРКА: ЗАЕВ УБЕДЛИВО ЌЕ ПОБЕДИ НА СЛЕДНИ ИЗБОРИ

Рада Домусчиева, специјален известувач од Македонија на бугарската комерцијална телевизија БТВ, е уверена дека, и покрај неуспешниот референдум, „ако Зоран Заев излезе со проевропска коалиција на вонредни избори, ќе ги добие“.

„Референдумот не успеа од технички причини, бидејќи не си ги изброија гласовите. Кога ќе си поставиш услови за излегување на референдум, мора да бидеш свесен дека избирачкиот список може да те заведе. Едно е да имаш 1,8 милиони гласачи, а сосем различно да имаш 1,2 милиони, колку што се реално Македонците во Македонија. Од тие што гласаа, 605.000 луѓе го поддржаа. Тоа се 100.000 повеќе ‘за’ за Зоран Заев отколку на последните избори. И ако тој сега се појави со проевропска и про-НАТО коалиција на вонредни избори, ќе ги добие“, уверува Домусчиева.

loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*