loading...

Во овој град веќе нема ни очајот со кого да го споделиш! Скоро да не познавам човек кој не би заминал од овде, особено оние од 18 до 38

0Shares

Во овој град веќе нема ни очајот со кого да го споделиш, оти секој си има свој. Скоро да не познавам човек кој не би заминал од овде, особено оние од 18 до 38… А тие требаше да ја кројат и крепат иднината на градот. Ама најверојатно на некои им одговара таа безнадежност, па спроведуваат модерен прогон, а ние се фаќаме како пијан за стап.. Се тетеравиме и шантаме по патот…а тие ни се потсмеваат и радуваат на нашите пијани умови, кои бегаат од реалноста, очекувајќи чудо, кое ќе не отсели од градот…. Не сум далеку и јас од желбата да се изгубам од овде, оставајќи ги гробовите на моите претходници… Оставајќи ги спомените по битолските улици, одмерувањето на убавите девојки од младоста, додворувањата и бакнежите на некоја клупа во паркот.. Оставајќи се’ што сум имал и бегајќи од огништето, барајќи место на кое ќе речам “ТАКА БИЛО ПИШАНО”… Иако во писание од Бога не верувам, но почнав да верувам во ПИСАНИЕ ОД ВАС, ГОЛЕМИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ…. Вие така ни напишавте, ние сме се уплашиле да го избришеме вашето писание и сега живееме по него.. По не знам кој пат ќе речам: Акот, младоста и животот ни ги зедовте..како не се донаситивте бе.. лешинари ненаситни…!?

Дуле Груевски фб статус

0Shares
loading...
loading...
WpCoderX