loading...

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Единица по математика и единица по политика за Мицкоски

0Shares

„Единица по математика и единица по политика или севкупна оценка: една голема единица. Господине Мицковски, онака како што со метеорска брзина Ве донесоа на претседателската позиција на партијата, исто така со брзина на светлоста успеавте да го докажете, она што на никој досега не му успеа. Успеавте математички да докажете, како 1 + 1 = 0, па дури и помалку од 0. Односно за само неколку месеци како резултат на недоследната партиска политика која ја водевте, успеавте да регресирате математички, во негативна насока. Направивте 51 = 41, односно 41 = 40, а синоќа и како 40 = на една голема О. Успеавте со математичка прецизност да го доизиритирате целото партиско членство и јавноста“, велат денеска од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Велиме водење на недоследна партиска политика која е распната помеѓу реалноста и фикцијата, безидејноста и импровизацијата, помеѓу немањето капацитет и храброст да се биде самостоен наспроти внатрешниот и надворешниот притисок, односно дневна политика распната помеѓу вистината и лагата, која стана неизоставен елемент на дневно политичкото опстојување.

 

0Shares
loading...
loading...
WpCoderX