Home / Uncategorized / ДЕНЕС Е РОДЕНДЕН НА НАЈГОЛЕМИОТ ДРЖАВНИК ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА! СРЕКЕН РОДЕНДЕН БРАНКО

ДЕНЕС Е РОДЕНДЕН НА НАЈГОЛЕМИОТ ДРЖАВНИК ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА! СРЕКЕН РОДЕНДЕН БРАНКО

Бранко Црвенковски (12 октомври 1962 во СараевоСР БиХ) — македонски политичар од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и поранешен претседател и премиер на државата. Во текот на својата политичка кариера бил премиер на Македонија во периодот од 1992 до 1998 и од 2002 до 2004 година, како и претседател на Македонија од 2004 до 2009 година.

Активната политичка кариера на Бранко Црвенковски започнала во 1990 година, кога станал член на Претседателството на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Премиер на Македонија

Во 1990 година, на првите повеќепартиски избори во Македонија, која сè уште се наоѓала во рамките на СФР Југославија, избран бил за шеф на Изборниот штаб на СДСМ, а по ова и за пратеник во првиот состав на Собранието. Како пратеник во првиот состав на македонскиот парламент Црвенковски бил потписник на иницијативата за распишување референдум за независна Македонија. Претходно, Црвенковски бил Директор на Семос.

Во април 1991 година Црвенковски бил избран за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. На 5 септември1992, тој станал вториот премиер на Република Македонија по нејзиното осамостојување од Југославија. Со 29 години, тој бил најмладиот премиер во Европа во тој период. Како премиер и политичар, Бранко Црвенковски ја промовирал идејата за учество на партиите на Албанците во Владата на Република Македонија. Тој успеал да формира широка коалиција со Либералната партијаСоцијалистичката партија и Партијата за демократски просперитет, во која членувале само Албанци.

Вториот премиерски мандат (за уште 4 години) го добил по изборите во декември во 1994 година. Во периодот 19941998Македонија успеала да стане член на повеќе меѓународни организации, како што се: Организацијата на Обединетите нации(ООН), ОБСЕ и Советот на Европа. Црвенковски исто така е потписник на првиот договор со ММФ и Светска Банка.

loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*