loading...

ЕВЕ ШТО ЕВРОПСКА УНИЈА ЌЕ ИСПОРАЧА ЗА МАКЕДОНИЈА

0Shares

ЕК утре дава оценка за напредокот на патот на евроинтеграција. Се очекува Македонија и Албанија да добијат препорака за отворање на пристапни преговори, БиХ и Косово ги очекуваат критики, а Србија и Црна Гора – поттик.

Шест земји од Западен Балкан утре (17. април) ќе добијат од Европската комисија длабинска анализа на состојбата, заснована на политички и економски критериуми, како и проценка на способноста за преземање на обврските кои ги носи членството во ЕУ. Во Брисел пред објавувањето на овој извештај најавија дека поддршката која ја дава ЕУ во процесот на проширувањето на никој начин нема да влијае ниту да ја разубави состојбата на демократијата, владеењето на правото, човековите права, економијата и усогласеноста со ЕУ-стандардите во секоја од шесте партнерски земји од регионот. Според увидот кој го имаше Дојче веле во годинешниот извештај, владеењето на правото, организираниот криминал и корупцијата, слободата на изразување и билатералните спорови повторо се оценети као болни точки на целиот регион.

Албанија и Македонија подготвени за натамошен чекор кон членство во ЕУ

Македонија и Албанија, според првиот увид во Извештајот на ЕК, утре би требало да добијат препораки за отворање на пристапни преговори. Соговорникот на Дојче веле, Едуард Кукан, член на Надворешнополитичката комисија на Европскиот парламент и долгогодишен претседател на Комисијата за соработка со Западен Балкан, смета дека двете земји во изминатата година објективно направиле значаен напредок на патот кон ЕУ.

„Албанија изврши длабока реформа на правосудството која, кога ќе се примени, ќе биде далеку најважна реформа спроведена меѓу земјите во процесот на проширување, а би рекол дури и посеризона отколку што е тоа случај во некои земји-членки на ЕУ“, објаснува Кукан.

Европската комисија во своите оценки нагласува дека Албанија напредува по сите пет клучни приоритети неопходни за приближување кон ЕУ, почнувајќи од реформата на јавната администрација, правосудните реформи, борбата против корупцијата и организираниот криминал и заштитата на човековите права. Претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер на почетокот на годината најави дека ЕК, ако Албанија продолжи со започнатиот реформски пат, на владата во Тирана ќе ѝ даде препорака за отворање пристапни преговори со ЕУ во првите шест месеци од 2018. година, што, по сѐ судејќи, и ќе биде случај.

0Shares
loading...
loading...
WpCoderX