loading...
loading...

Жена со куп модринки која молчи е „мудра жена“, жена која зборува гласно за да ги спречи модринките е „невоспитана жена“

loading...
10Shares

Положбата на жената во средина во која има недостаток од женска солидарност е очајна. Преку медиумите се формира слика која го определува нашето тежиште за живот во „идилична“ приказна во која успешноста се мери по тоа колку пцовки и шлаканици ќе истолерирате со цел очите на „другите“ да ве гледаат и препознаваат како „чесна, храбра
и моќна жена“. Ниту законите, ниту институциите не може да го решат проблемот кој го создаваат сплетот од социјалните вредности и традицијата. Според нив –
Жената која го премолчува проблемот е „заштитничка на бракот и семејството“, онаа која за семејните проблеми говори јавно со цел да ги реформира внатре семејните односи е „деструктор на светата тајна“.
Жена која се бори со гневот, бесот и агресијата на мажот, а потем и сопствената поради недостаток од моќ да даде отпор е „среќна и стабилна жена“, онаа која дава отпор и се бори за сопствено место во општеството и семејството е „себична ороспија“.
Жена која спие со партнерот и против своја волја е „жена која ги обавува брачните должности“, жената која јавно говори за силувања во брак е „жена која нема интерес за својот маж бидејжи веројатно има љубовници“.
Жена која нема љубовник „има 100 потенцијални“ во перцепцијата на мажот. Жената впрочем секогаш има љубовник, пред да го најде, откако ќе го најде и откако ќе го остави.
Љубовницата на мажот е тест за „љубовта на жената“, љубовникот на жената е тест за „чесноста на жената“.
Жена со куп модринки која молчи е „мудра жена“, жена која зборува гласно за да ги спречи модринките е „невоспитана жена“.
Жена која умира од мозочен удар како последица од долгогодишната тортура и депресија и го остава мажот како „вдовец“ е кутра жена. Жена која го остава мажот како „разведен“ е „одвратна развратничка“
Жената која го сака или не го сака својот маж е „пример за сопруга„. Жената која сака друг маж е „безобразничка“.
И замислете во целата оваа приказна жената има право да избере. Првата опција е да е „кутра страдалничка“ и втората опција е да е „клета ороспија“.
Моето јавно изразување на симпатии кон втората група на жени ќе предизвика гнев кај двете групи на жени, осудена да сум гревна поради тоа што сум родена како жена.
Welcome to the hell 

Магдалена Стојманивиќ

10Shares
loading...
WpCoderX