Home / Uncategorized / ЗАЕВ ДО ВМРОВЦИТЕ: АЈДЕ ПОКАЖЕТЕ СЕ ВИЕ ШТО СТЕ ЗА ЕУ И НАТО ДА ЈА НОСИМЕ МАКЕДОНИЈА НАПРЕД

ЗАЕВ ДО ВМРОВЦИТЕ: АЈДЕ ПОКАЖЕТЕ СЕ ВИЕ ШТО СТЕ ЗА ЕУ И НАТО ДА ЈА НОСИМЕ МАКЕДОНИЈА НАПРЕД

Стручната, академската јавност, оцени дека предложените насоки се во согласност со меѓународно право, и со меѓународните стандарди за човековите слободи и права и особено со интересите на Република Македонија и нејзините перспективи низ евроатлантските интеграции.

Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените и заедно да ја однесеме Македонија напред. Сега е време да ја потврдиме заедно одлуката од 1993 година според која членството во ЕУ и НАТО се наши заеднички и врвни стратешки приоритети.

Сите пратеници, без разлика на која партија ѝ припаѓаат, имаат историска должност и обврска пред граѓаните, да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност, безбедност и економски просперитет, а тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор.

Да покажеме дека сме подготвени да ги преземеме лидерството и одговорноста. Повикувам на вашата одважност и на должноста да се следи интересот на граѓаните и да се прифати историската можност.

Соопштение: http://vlada.mk/node/15490
Видео: https://youtu.be/p52YA3rb0gY

Image may contain: 2 people, people sitting, suit and indoor
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*