loading...

Заев: Порано грѓаните бараа владата, власта криеше

0Shares

Да нѐ запаметат како генерација која ги оствари стратешките интереси на граѓаните и на Република Македонија. После 11-годишното уништувачко цунами, 2018 е година на економски раст за Македонија, истакнав на вчерашната собраниска седница посветена на прашањето за доверба на Влада на Република Македонија, на која со 62 гласа ни изгласаа доверба за нашата работа.

Нема подобра потврда на успехот на Планот 3-6-9 од она што го најави Европската Комисија во својата Стратегија за проширување со земјите од Западен Балкан: Најавена е чиста препорака за Македонија за отпочнување преговори и согласно успехот во затворањето на политичките прашања, вклучително и прашањето за името со Грција, Македонија може да очекува одлука за започнување преговори.

Создадовме концепт – Отворена влада како еден од предусловите за успех на реформскиот процес што го отворивме во Република Македонија и вклучивме пакет активности кои недвосмислено се насочени кон транспарентност, отчетност и одговорност и ја одразуваат заложбата за целосно имплементирање на концептот отворена влада.

Го укинавме владиното рекламирање, организираме редовни неделни владини прес-конференции, редовно ги објавуваме дневните редови и записници од владините седници, ги објавуваме и ги ажурираме документите од јавен интерес од страна на министерствата и другите институции.

Порано, граѓаните бараа, власта криеше. Сега власта самоиницијативно ги отвори, сами ги отворивме трошоците. Во првите неколку месеци на 2014 година, поранешниот премиер Груевски потрошил 5,2 милиони денари, а јас како премиер имам потрошено 2,9 милиони денари. Тоа е голема разлика. Министрите сите, во 2014 година потрошиле 45 милиони денари. Сите други министри, во 2017 година од оваа Влада потрошиле 21 900 000 денари. Голема разлика, речиси два и пол пати помалку.

Вредностите на оваа влада и на нашата Македонија се европски вредности, и како такви ги препознаа и нашите пријатели од нашите стратешки сојузи НАТО и ЕУ, но и нашите пријатели од соседството и регионот, и дека со новата Стратегија за проширување, Европската комисија ја потврди европската иднина на Република Македонија како дел од политичката структура на Европската Унија.

Соопштение: http://vlada.mk/node/14432

Image may contain: 2 people, people smiling, suit and wedding
Image may contain: 2 people, people sitting, suit and indoor
0Shares
loading...
loading...
WpCoderX