loading...

За сите кои сакаат да работат во Германија! Отворени 25 000 работни места – еве како да аплицирате

0Shares

Новиот германски министер за здравство Јенс Шпан објави еден вид на повик за вработување на негуватели, а неведе и конкретни бројки потенцирајќи дека моментално се отворени 17.000 работни места, додека дополнителни 8.000 ќе бидат допрва отворени.

Станува збор за работни места отворени за граѓани на ЕУ поради преголемата потреба за работници во оваа гранка од медицината на германскиот пазар. Меѓутоа, очекувањата се дека малку е веројатно сите 25 илјади да бидат пополнети од работници кои доаѓаат од земјите членки на ЕУ, па можноста останатиот дел од истите да биде пополнет со работници од другите земји не се исклучува.

Негата и грижата за лицата во трета животна доба речиси и да стане посебна гранка од германската економија. Освен свемстување во установи, домови и хотели за стари лица, ним им е прилагодено и производството што всушност претставува цела индустрија која се мери во билиони евра.

Според информациите од германската Агенција за вработување, месечната плата за вработување на негуватели изнесува 2.436 евра бруто.

Обично се ангажираат по два негуватели да се грижат за едно постаро лице, па така 15 дена од месецот се грижи едниот, а останатите 15 другиот. Ова отвора можност за вработување на втора работа која може да донесе екстра заработка. Според пишувањата на тамошните портали, на негувателите им е обезбедено сместување.

0Shares
loading...
loading...
WpCoderX