Home / Uncategorized / И НАСЕР СЕЛМАНИ ЗАСТАНА НА СТРАНАТА НА БОЖИНОВСКИ ПРОТИВ 1ТВ

И НАСЕР СЕЛМАНИ ЗАСТАНА НА СТРАНАТА НА БОЖИНОВСКИ ПРОТИВ 1ТВ

Пред некој ден ми беше побарана изјава од еден млад колега од 1ТВ во врска со јавните преписки на телевизијата со Зоран Божиновски.
Со цел да нема недоразбирање во јавноста сакам да појаснам дека мојата изјава е лошо интерпретирана.
Прво што кажав е дека ако раководството на телевијата имаат факти дека Божиновски ги рекетира, тие не треба да барат изјава од мене, туку случајот треба да го пријават во полиција.
Второ, јас зборев генерално за одговорноста на професионалните новинари кон јавно изкажаниот збор. Колегата од 1ТВ овој дел од изјавата ја има врамувано како да ја зборам конкретно за Божиновски.
Досега јас сум имал коректна соработка со колегите од 1ТВ и сметам дека вакво непрофесионално однесување ни им прави чест како нов медиум.
Овој случај е еклатантен пример како се злоупотребува слободата на медиумите. Со тоа се нарушува интегритетот и кредибилитетот на новинарите и на новинарството, како многу важна професија за квалитетот на демократијата во една земја.

loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*