loading...

Канческа во „бомбите“: Ми иде ножот да му го ркнам до крај, а Ице во Вардар да го удавам

0Shares

Со преслушување на пет телефонски разговори во присуство на јавноста Судот ја продолжи работата по предметот „Тендери“. Од разговорите, четири се направени во 2011 година и во нив најчесто разговараат поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а петтиот разговор е од 2013 меѓу Канческа Милевска и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

На првиот разговор што беше презентиран, покрај Канческа Милевска и Јанакиески, учествува и директорот на ГП „Бетон“ од Штип Илија Престилски. Во разговорот Канческа Милевска ги информира Јанакиески и Престилски дека „утре ќе биде објавен тендер“, но, како што посочува, „во него е наведено сè за да го добие Бетон“. Наведува дека ќе ја тераат работата да нема застој и дека дента му биле префрлени 48 до 49 милиони денари. Му вели „терајте си ја работата како да е сè во ред“, а претходно му кажува дека ќе треба да се објави нов тендер бидејќи е се исцрпено со анексот.

Во четвртиот разговор повторно меѓу Канческа Милевска и Јанакиески, поранешната министерка за култура му кажува на Јанакиески дека „Илија е мрднат и мисли дека таа му викнала полиција, му вели дека не може органски да го поднесе“. Посочува дека му платила 50 милиони, а за останатите 20 милиони ќе треба да се снајде бидејќи ги нема парите и ќе треба да ја почека уште еден месец. На тоа Јанакиески и одговара дека ќе треба да ја почека.

0Shares
loading...
loading...
WpCoderX