loading...
loading...

(Видео) Мицкоски бара итни средби со Иванов и Заев за договорот за името

loading...
0Shares

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побарал итна средба со претседателот Ѓорге Иванов во врска со договорот за името со Грција. Тој на прес-конференција во партиското седиште побара и итна средба со премиерот Зоран Заев, на која очекува да му биде доставен пишаниот документ за она за што се согласил со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Првиот човек на опозицијата очекува набргу да добие повратен одговор кога би се одржале средбите.

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е против ваквиот договор за името и дека нема да прифати промена на Уставот. Најави дека ќе се спротивстават со сите правни средства против овој капитулантски договор.

0Shares
loading...
WpCoderX