Матурантка за пример: Отишла на матура со евтина печатена маица, но со многу добра причина

loading...
0Shares

Николина Субиќ е матурантка од Брчко, Босна и Херцеговина, која одлучи парите што ги добила за свечениот матурски фустан да ги донира во хуманитарни цели. Со просек 5.0, во средното училиште за земјоделски и медицински науки, на отсекот за фризери, одличната ученичка го освои градот со својот несекојдневен подвиг.

„Не сакав парите да ги дадам за некое парче облека во која само ќе прошетам. На овој начин, му помогнав на некој кому ова можеби ќе му значи. Горда сум на себе, успеав да го направам тоа што гo планирав“, вели одличната матурантка за регионалниот портал nula49.

0Shares
loading...
WpCoderX