loading...
loading...

МОЌНА КАРИЕРА НА НОВАТА ПРЕДЛОЖЕНА ГУВЕРНЕРКА! КОЈА Е АНИТА БЕЖОСКА

loading...
0Shares

Предлог за нов говернер на претседателот Ѓорѓе Иванов е Анита Ангеловска- Бежоска. Предлогот треба да биде поддржан од најмалку 61 пратеник во Собранието и најверојатно ќе биде ставен на дневен ред на утрешната седница.

Која е Анита Ангеловска- Бежоска?

Во биографијата која што стои на сајтот на НБРМ, таа има 47 години, родена е на 5 ноември 1971 година во Гетеборг, Шведска. Мажена е и мајка на три деца.

Таа веќе осум години е вицегувернер во НБРМ, задолжена за областите монетарна политика, истражување и статистика. Од 2004 до 2010 година таа била главен економист во Народната банка, а била и ангажирана во Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон. Таа има богато искуство со работа во Министерството за финансии на Република Македонија, каде работела на повеќе позиции.

Ангеловска- Бежоска е дипломиран економист, на Економскиот факултет во Скопје дипломирала во 1994 година, а била и еден од тројцата најдобри студенти во генерацијата со просел 9,4 на насоката маркетинг и надворешна трговија.

Со просек 9,3 во 1997 Ангеловска- Бежоска ги завршува постдипломските студии. Со титула доктор на науки во 2015 година се стекнала на Економскиот факултет во Љубљана, а темата на нејзината докторска дисертација била „Координација на монетарната и фискалната политика во Република Македонија“.

Како што стои во биографијата познава четири странски јазици, англискиот одлично, додека пак делумно знае руски, италијански и шведски.

Според анкетниот лист кој го има пријавено во Антикорупциската комисија, првата жена гувернер во историјата на Македонија пријавила три стана, автомобил, хартии од вредност и кредит. Два од трите стана се проценети над 6 милиони денари, додека еден е проценет 4 милиони денари.

0Shares
loading...
WpCoderX