loading...

Најчевска до Златко Марин: Кого лажеш? За некој да пресече дрво треба да побара дозвола од општината, еве ги законите

0Shares

Градоначалниците на општината и на градот лажат.
На 15.01.2018 изгласан е Законот за урбано зеленило (http://www.sobranie.mk/materialdetails.nspx…).

Според овој закон постои посебна постапка во која секој оној кој сака да пресече дрво на сопствениот имот треба претходно да добие дозвола за тоа.

Член 29
(1) Постапката за утврдување на потребата за сечење, односно кастрење на оштетено дрво, како и за дрво за кое надлежната служба ќе утврди потреба за негово сечење, односно кастрење, започнува со барање на физичко, правно лице или по службена должност.
(2) Врз основа на поднесеното барање од ставот (1) на овој член, општината или градот Скопје должни се да донесат решение со кое ќе ја утврдат потребата за сечење, односно кастрење на оштетеното дрво, и на видливо место се обележува дека дрвото е за сечење или кастрење со црвена боја на височина од 130 сантиметри (сечење: “С” или кастрење: “К”).
(3) Со решението од став (1) на овој член се определува извршителот и рокот во кој истото ќе се спроведе, согласно со Правилникот од од член 12 став (3) од овој закон.
(4) Против решението од ставот (3) од овој член може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Значи, или тој што ги исекол дрвјата го прекршил законот и треба да биде казнет или е издадена дозвола што одговорноста ја поместува кон локалните власти.

Или, кој лаже тој и краде и …

0Shares
loading...
loading...
WpCoderX