Home / Uncategorized / НА НОВИ ИЗБОРИ ЗАЕВ ЌЕ ЈА УДРИ МЕТЛАТА И ЌЕ СМЕНИ ДЕЛ ОД АКТУЕЛНИТЕ ПРАТЕНИЦИ

НА НОВИ ИЗБОРИ ЗАЕВ ЌЕ ЈА УДРИ МЕТЛАТА И ЌЕ СМЕНИ ДЕЛ ОД АКТУЕЛНИТЕ ПРАТЕНИЦИ

Да бидам искрен, дури не сум убеден дека предвремените избори на коалицијата на проевропските политички сили автоматски ќе ѝ обезбедат двотретринско мнозинство. За мене ќе биде најважно ако Заев предвремените избори ги доживее и како шанса да го стори она што вети дека ќе го стори, но очигледно немаше време и сили да го исполни ветувањето – да подзачисти во сопствениот двор.

Ако има нови избори, на Заев ќе му биде многу полесно да ја спроведе операцијата „Камшикарот“, што е неопходна и за понатамошната успешна имплементација на договорот од Преспа, но и за демонстрацијата на европското поведение на власта да биде многу поуспешна од досега. Новите избори за мене не се потребни за да се вадат нови скриени „адути“  и да се игра „ол ин“, туку пред сѐ како шанса да се изберат нови кандидати за пратеници, нови министри, нови луѓе во администрацијата. Се разбира, не очекувам премиерот да направи драматичен кадровски дисконтинуитет (бидејќи така ќе го доведе во прашање и сопствениот опстанок во политиката), но „камшикот“ мора сериозно да заигра.

Бранко Героски

loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*