loading...

НА ПОВИДОК НОВА МРЕЖА ШТО КЕ ГО ЗАМЕНИ ФЕЈСБУК

0Shares

Дејв Морин поминал четири години во „Фејсбук“, каде што работел на развивање на технологијата „Фејсбук конект“ која на корисниците им овозможува поврзување на профилот на „Фејсбук“ со надворешни страници на интернет. Уште тогаш му се чинело дека ситуацијата со оваа мрежа, односно со корисниците што склучувале сè повеќе и повеќе виртуелни пријателства (вклучително и со голем број луѓе што воопшто не ги познавале) и кои споделувале претерана количина лични информации со целиот свет, почнала да излегува од контрола и дека можеби ќе се појави потреба од нова мрежа како „Фејсбук“ на која нема да се склучуваат пријателства со непознати луѓе, туку ќе користи како сервис за комуникација само со најблиските.

Оваа идеја ја реализирал во 2010 година, кога го напуштил „Фејсбук“ и ја покренал својата мрежа „Пат“ (Path). На оваа мрежа бројот на пријатели бил ограничен на 50, така што била овозможена комуникација само со роднините и со вистинските пријатели (тој број дополнително бил зголемен и со текот на времето ограничувањето било укинато). На почетокот оваа мрежа привлекла големо внимание кај корисниците и во Силиконската долина, а медиумите за неа пишувале како за „лична и интимна социјална мрежа која би требало да нè спаси од ’Фејсбук‘“.

0Shares
loading...
loading...
WpCoderX