loading...

Нејчевска: Ниту еден медиум не истражи како Љубе Бошкоски стана советник на Заев

0Shares

Кога во 10 медиуми ќе се појави исоветен текст:
“Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски и официјално станува дел од советничкиот тим на премиерот Зоран Заев. Тој бил единствен кој ги исполнувал сите услови предвидени во конкурсот. Бошковски ќе зема месечна плата во висина од 50.000 денари. Примени се уште 4 посебни советници на премиерот.
Бошковски во 2011 година е осуден за нелегално финансирање на изборната кампања на неговата партија, и помина 5 години во затвор. Специјалното обвинителство за начинот на апсењето на Бошкоски го отвори случајот „Тортура“. Според СЈО, екс директорот на тајната полиција нарачал омаловажувачко апсење на Бошкоски, а во тоа помогнале шест полицајци припадници на единицата Алфи.“
знаеш дека во државата нема медиуми туку папагали.

Ниту еден медиум не најде за потребно да ни ја прикаже кариерата на Бошковски пред неговото одење во затвор?
На ниту еден медиум не му падна на памет да ја проследи улогата на Бошковски како министер за внатрешни работи во конфликтот од 2001 година?
Ниту еден медиум не се запраша како тоа во државава не се најде ниту еден друг кој има завршено правен факултет, знае да зборува англиски и има 5 години работно искуство “во струката“ – што и да се подразбира под струката.
Ниту еден медиум не праша што тоа посебно ќе го советува Љубе Заев во улога на посебен советник.
Ниту еден медиум не се заинтересира зошто се прави шарадата со конкурси.
Ниту еден медиум не се заинтересира зошто Заев се опкружува со луѓе кои тешко можат нешто да го советуваат.

Мене ете би ме интересирало, да сум медиум.

0Shares
loading...
loading...
WpCoderX