НИМИЦ, МОГЕРИНИ, ХАН ЦЕЛА ЕВРОПА НА НОЗЕ СО ЗАЕВ

0Shares

„Топло ја поздравувам најавата на премиерите Ципрас и Заев за изнаоѓање на заемно прифатливо решение за прашањето за името. Би сакал да им честитам на партиите за успешно завршување на разговорите и за решавање на разликите меѓу нив“, се вели во пишаната изјава на медијаторот Метју Нимиц.

Во неа тој додава дека не се сомнева дека овој договор ќе доведе до период на подобрени односи меѓу двете соседни земји, а особено меѓу нивниот народ. „Во тој контекст, јас сум охрабрен од посветеноста на двете влади да обезбедат заемна корист за сите свои граѓани преку воспоставување на стратешко партнерство, како основа за интензивирана соработка во сите сектори.

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан во заедничка изјава им честитаа на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето договор за спорот за името. Тие очекуваат Советот на ЕУ да ја потврди препораката за преговори.

„Ова, не само што е заслужено како признание за значителните реформски резултати на земјата, туку ќе придонесе за целосна имплементација на договорот во интерес на двете земји, регионот и нашата Унија во целина“, се наведува во соопштението.

0Shares
loading...
Inline
Inline
WpCoderX