loading...
loading...

НОКАУТ ОД ЛАВРОВ ЗА МАКЕДОНИЈА: ПУТИН ВОЗВРАЌА ЗА ПРОТЕРАНИОТ ДИПЛОМАТ, ЛАВРОВ ИЗЛЕЗЕ НА ПРЕС СО КОЦИЈАС И ГО ПОЗДРАВИ ДОГОВОРОТ КОЈ КАКО ШТО ВЕЛИ Е ВО КОРИСТ НА ГРЦИЈА

loading...
0Shares

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на заедничката преконференција во Москва со грчкиот колега Коѕијас изрази надеж дека договорот за новото име на Македонија ќе биде во интерес на Атина и на Скопје и дека ќе го поддржат граѓаните и на двете држави.

– Секогаш нагласувавме дека се залагаме за пронаоѓање договор за тој проблем, без мешање однадвор, без поставување на одредени вештачки услови. Говоревме дека ќе го поддржиме решението кое ќе биде во интерес на Грција и на Македонија и кое ќе има широка народна поддршка. Се надевам дека договорот кој вчера беше објавен е токму таков, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Во Македонија, дел од јавноста која е настроена против промена на уставното име на државава, веруваше дека токму Русија е алтернатива за Евроатланските интеграции и ќе не поддржи во намерата да го зачуваме името и идентитетот на државата.

0Shares
loading...
WpCoderX