loading...

ПОВТОРНО СЕ СПУКАА ПУТИН И ТРАМП!

0Shares

Вашингтон, 13 април 2018 (МИА) – Русија не се занимава со уривање на странски влади и не се меша во внатрешните работи на други држави, за разлика од САД, соопшти руската Амбасада во Вашингтон во реакција на изјавите на кандидатот за нов американски државен секретар Мајк Помпео за време на сослушувањето во Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат.

Москва: САД редовно го кршат суверенитетот на други држави и се мешаат во нивните внатрешни работи

„Би сакале уште еднаш да посочиме дека Русија не се занимава со смена на влади, мешање во внатрешните работи на други држави и режирани ‘револуции’. Таквите методи до совршенство ги применуваат САД, кои имаат богато искуство на тоа поле“, се наведува во соопштението.

Амбасадата наведува дека за време на сослушувањето на Помпео одново можеле да се слушнат „недокажаните обвиненија против Русија за мешање во американскиот изборен процес“, како и дека САД промовираат демократија и човекови права, а Москва ја поткопува западната демократија и помага свои кандидати.

„САД редовно го кршат суверенитетот на други држави и се мешаат во нивните внатрешни работи. Омилена такктика на американските разузнавачки служби е мешање во изборните процеси во странски земји и предизвикување преврати за уривање на несаканите влади“, се наведува во соопштението, при што се додава дека „листата на заслуги и примери за лошото однесување на САД во целиот свет е впечатлива“.

0Shares
loading...
loading...
WpCoderX