Home / Uncategorized / Промената на границите на Косово води кон насилства на балканот

Промената на границите на Косово води кон насилства на балканот

Промената на границите на Косово не би поминала без насилства, се наведува во доверлив извештај направен за потребите на Европскиот совет за надворешни односи, пишува Коха диторе.

Извештајот, во кој приштинскиот весник имал увид, содржи три страници, а го направиле Норберт Ретген, актуелниот претседател на Одборот за надворешни работи во германскиот парламент и Роберт Купер, поранешен супервизор во техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина, а врз основа на разговори со амбасадорите на повеќе европски земји во Приштина.

Наведено е дека косовскиот претседател Хашим Тачи почнал да ја губи поддршката од странските набљудувачи на Косово, додека противници на неговата идеја за промена на границите и размена на територии би можеле да бидат и премиерот Рамуш Харадинај, претседателот на парламентот Кадри Весељи, како и опозициското движење Самоопределување.

loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*