РОНАЛДО ЗАМИНУВА ВО ПСЖ

0Shares

Според пишувањата на португалските медиуми, агентот на португалскиот репрезентативец и ѕвезда на Реал Мадрид Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш, отпатувал во Париз, каде ќе преговара со ПСЖ.

Роналдо после освојувањето на Лигата на шампионите во саботата изјави дека „било убаво да се игра за Реал“, а потоа ден подоцна ја ублажи својата изјава, истакнувајќи дека не сакал да го свртува вниманието на новинарите кон себе, но и дека нешто ќе се случи и тоа ќе го соопшти во наредните неколку денови.

Португалските медиуми, од друга страна, пишуваат дека Мендеш се обидува да му помогне на Роналдо да си замине од Реал, односно дека отпатувал во Париз за да преговара со управата на ПСЖ за трансфер на еден од најдобрите играчи на светот.

0Shares
loading...
Inline
Inline
WpCoderX