loading...

СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ ГРУЕВСКИ ЈА ШОКИРАШЕ НАЦИЈАТА: Со долг пост на фејсбук се извини за сите грешки, злодела, пљачки, прислушкувања, нарачки за тепање новинари и политички противници, за 27-ми април и побара прошка!

0Shares

Екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер, Никола Груевски ги изненади своите фанови и јавноста со следниов текст:

– Почитувани граѓани, подолго време размислувам на оваа тема, особено кога сум во фоајето на некоја банка додека се бројат моите милиони, ај сега да не образлагам за тоа, нема смисла. Ви должам едно големо извинување за се што ви направив изминатиот период додека бев премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ додека партијата беше на власт.

Ви се извинувам за сите злодела, кражби, неправди, нарачани претепувања на новинари и политички противници. За сите судски местенки, сите динамити и рушења, сите затварања на медиуми и фирми, или пак нивно насилно преземање со мојот братучед.

Ви се извинувам и за сета пропаганда, црна против опозицијата и розева себе промоција, за сите лаги и манипулации.

Се извинувам и за Скопје 2014-та, што да ви кажам се полакомивме и за провизиите а и не фати некаква креативна катарза, мислевме дека се разбираме у уметност, јбг.

Што да ви кажам, се полакомивме, власта ни удри во глава, се изгубивме. Од обични уличари и голтари одеднаш станавме кралеви на една земја со неограничена власт и пари, со слуги, шофери, брдо пари, огромна моќ, и скренавме, што да ви кажам.

Особено забегавме кога решивме да ја употребиме ДБК за прислушкување на опозицијата, новинарите, бизнисмените па и самите наши функционери за да видиме кој не мрази а кон не сака. По цели денови читавме извештаи за тоа кој што збори, мислам дека пола ден трошев на тоа, но се исплатеше, ги знаевме сите планови и бевме секогаш еден чекор пред опозицијата, медиумите, невладините, амбасадите, бизнисмените…

Тоа ни помогна диктатурата да ја кренеме на едно ново навистина респектабилно ниво, можеше да ни позавидат и една Северна Кореја и Белорусија. Но сега ми е криво, и жалам за тоа, потрошивме многу народни пари за тоа, особено кога решивме да ја уништиме опремата кога изби скандалот па дури и ве лажевме за некакви жути комбиња и странски служби.

Се извинувам и за сите украдени избори, за сите закани, поткупи, местенки, толку бевме добри во тоа што тепавме и на изборите откако пукнаа сите бомби и снимки на кои јасно се слуша како сме краделе. Значи да не му беше потегот на Заев кон Албанците, бог немаше да не смени наредни 50 години. Штета јбг, тоа е…

Особено жалам за настаните од 27-ми април. Толку бев бесен на тоа што ја губам власта што со Сашо и Чавков смисливме физичка елиминација на врвот на СДСМ, ДУИ и Албанска Алијанса. Сега ми е јасно колку беше тоа забегано, тоа беше влез во граѓанска војна која ќе ја уништеше земјата и ќе значеше нејзин сигурен крај со кој знае колку жртви и патење на граѓаните.

Што да ви кажам, многу жалам за се, сега кога седам на терасата во Буњаковец и зјапам накај Порта Влае при зајдисонце, си мислам, добро не Никола, што ти требаше сето ова? Зашто толку се полакомив? Веќе имав 4 стана од мама Нада, си имав одлична плата премиерска, Боркица и таа си работеше у влада, ги имавме сите привилегии, што се полажав и ја да бидам богат како Љубчо Георгиевски па и ја да го шетам светот и да одам на бродови, што ми требаше тоа?

Кога сме кај провизиите, многу се извинувам и за автопатот Кичево – Охрид, значи има пљачки, али ова беше навистина нешто за што и Ал Капоне би ни честитал, да ја кренеш цената дупло за да украдеш 30 милиона, е тоа е вистинско дивјаштво, и за ова особено се извнувам. Ама забегавме, што да ви кажам.

Ете ми олесни малце, се надевам ќе ми простите, ја не сум толку лош човек, само власта и парите ме расипаа и скренаа, и дури сега се анализирам себеси и се враќам у нормала. Мислам дека имам уште многу за анализа и размислување, овие 25 години што ми ги најави Гица Прасица ќе ми се најдат добро на овој план за бар на стари години да бидам добар човек.

Ајде пријатно и среќни празници, среќен први април и Велигден што иде за некој ден.

Ваш Грујо!

Текстот е објавен во полето Сатира, повод 1ви април.

0Shares
loading...
loading...
WpCoderX