loading...

ТЕЛЕВИЗИИТЕ ПО НАРЕДБА ЈА БОЈКОТИРААТ ЛЕВИЦА? МАКЕДОНИЈА ОД ФРИДОМ ХАУС ДОБИ ОЦЕНКА ЗА НАЈНЕСЛОБОДНИ МЕДИУМИ

0Shares

Зошто Македонија доби оценка дека има неслободни медиуми од Фридом хаус? Меѓу другото, зашто медиумите си дозволуваат, по желба и по партиски интерес, да известуваат или не од прес-конференции.

Денес Левица држеше прес-конференција на која најави протест за Први мај. На пресот дојде само Канал 77. Никој друг.

Ама, да. Македонскиот граѓанин треба денес да ја прославува илузијата дека тргнал напред со препораката на Европската комисија. Кој сака да го потсетува македонскиот граѓанин на суровата реалност во која води крпен живот! Ставете му розеви очила на народот и не известувајте за ништо негативно!

На Први мај ќе има ПРОТЕСТ! Медиумите, контролирани не само од партиите, туку и од газдите, ќе сакаат да обезбедат помало присуство на протестите! До нас е дали на Први мај ќе ги затвориме очите и ќе одбереме пикник или ќе ги отвориме очите и ќе го кренеме гласот!

0Shares
loading...
loading...
WpCoderX