Тереза Меј во колумна ги здроби груевци: Многу години патот за реформи беше блокиран од запаѓањето во „заробена држава“, а институциите, вклучително и судовите, медиумите и јавната администрација беа под изразено политичко влијание

loading...
455Shares

Се разбира дека мора да сме подготвени за предизвиците и да сме свесни за ризиците од нестабилност. Но, ние имаме заедничка амбиција да и помогнеме на Македонија и Западниот Балкан да создадат мирна, просперитетна и демократска иднина која ја заслужуваат заедниците и граѓаните.

Македонија која е просперитетна и стабилна, не е добра само за себеси, туку за целиот Западен Балкан и Европа. Затоа Обединетото Кралство ја зголеми програмската поддршка која ја даваме на Македонија од еден милион на четири милиони фунти. Сакаме да и помогнеме на Македонија да го зајкане владеењето на правото, да го унапреди доброто владеење и реформите во безбедносниот сектор, во склад со обврските кои ги презеде премиерот Заев.

Знам дека многу луѓе овде во Македонија и низ Западниот Балкан се фрустрирани од бавното темпо на напредок во виталните реформи кои ќе го подобрат животот за сите.

Имам разбирање за нивната фрустрираност. Но, со вистинската политичка волја, може да има напредок и тој да биде далекусежен.

Видете само што се случи во оваа земја. Многу години патот за реформи беше блокиран од запаѓањето во „заробена држава“, а институциите, вклучително и судовите, медиумите и јавната администрација беа под изразено политичко влијание. Сепак денес 18 месеци по парламентарните избори, гледаме влада и парламент кои се фокусирани на зајакнување на демократијата, владеењето на правото и градењето на добри односи со соседите.

455Shares
loading...
WpCoderX