loading...

ТИГРИТЕ СЕ ЈАВИА: Животот смрди на барутот од 2001

0Shares

ВОЈНА!
Животот смрди на барутот од 2001
(интервју на нашиот ХЕРОЈ прочитајте)

Брест, Танушевци, Тетово, Попова Шапка, Карпалак, Радуша… Сите кризни региони од конфликтната 2001 година се во воената биографија на полковникот Страшо Глигоров, поранешен припадник на полициската Единица за специјални задачи Тигар. Речиси и нема борба со припадниците на ОНА во која Глигоров не го помирисал непријателскиот барут. 42-годишниот магистер и сегашен докторант, кој за време на војната бил инспектор во ЕСЗ Тигар вели дека немал ни еден ден отсуство од воениот конфликт. Горд е што ја бранел Македонија и не жали што животот секојдневно му висел на конец заедно со колегите тигри и сите други бранители. За време на борбите, вели, бил горд и достоинствен, иако била војна, а сега кога е мир место да ги ужива привилегиите што се борел за татковината, вели мора да трпи додека некој му го гази достоинството.
Глигоров после секоја акција водел мал дневник, си го запишувал на парче хартија секој куршум испукан кон ОНА, но и секој куршум што му профучел покрај лицето. Денес кога се присетува на тие мали, а сепак големи воени мемоари, вели се сеќава на тешки моменти кои ги поминувал со колегите и кои ги трошел за татковината. И додава дека, за жал, не може со гордост и на раат да се присетува, оти мислите му ги тишти маката од деградирањето, омаловажувањето и срамот што го трпи.

Фб статус на ЕСЗ Тигар

0Shares
loading...
loading...
WpCoderX