loading...

Трауматично сведоштво на мајката на едно од децата убиени кај Смилковско: На децата им течеа солзи од отворените очи кога ги погрбувавме

0Shares

Мајката на Александар, Зорица Наќевска побара од судот и од обвинителството да ја утврдат вистината.

– Судот и обвинителството да ги утврдат улогите на обвинетите, дали се извршители или помагачи. Бараме и да се декодираат броевите кои во пресудата се заведени како државна тајна, а се на функционери од ДУИ, рече Наќевска.

Мајката на Александар прочита и транскрипт од разговор кој наводно се водел помеѓу обвинетиот Азири и едно од непознатите лица:

„Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не не го довршив тој никаквец“.

– Децата ни ги убија во четврток вечерта, во петок ни ги донесоа, а нивните очи беа отворени. Се до саботата, додека да ги погребаме им течеа солзи. Сите тие што го извршија грозоморниот чин да се плашат од тие солзи, заврши Зорица Наќевска.

0Shares
loading...
loading...
WpCoderX