Популарната пејачка на народна музика Светлана Цеца Ражнатовиќ влезе во еден учебник за основно училиште.

Поточно стиховите од една нејзина популарна песна. Станува збор за учебникот за петто одделение, а српските ученици на нејзините стихови ќе учат падежи.

„Сечаш ли се, лепи громе мој, некаде је тло под нама пуцало“, гласи една од задачите од страницата која се појави на Инстаграм.