ЅИНГО ЌЕ БИДЕ ОДРАН ДО ГОЛА КОЖА: СЈО БАРА КОНФИСКАЦИЈА НА 17 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СИЛЕКС!!!

loading...
549Shares

На денешното судско рочиште за предметот „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, обвинителството ги изнесе завршните зборови по што одбраната побара одлагање за нивните завршни зборови, а судот одлучи завршните зборови на одбраната да бидат наведени во понеделник.

Јавните обвинители бараат конфискација на имот во вредност од 17 милини евра од фирмите „Трансмет“ и „Силекс Неметали“, што е стекнат на противзаконски начин.

Обвинителството даде алтернативно барање, доколку некоја од фирмите нема имот и со тоа ќе нема можност од нив да се конфискува, конфискацијата да биде насочена кон основачот.

Новина е предлогот на обвинителството, целосното обвинение кон „Вато ДООЕЛ“ да биде повлечено.

Исто така, обвинителството посочи дека Сафет Васиќ, повеќе не е обвинет како извршител на сторено дело, туку ќе се води како помагач, бидејќи е утврдено дека извршувал само „помагачки дејствија“ и ќе добие помала казна.

549Shares
loading...
WpCoderX