loading...

ДУИ се апсолутно загрижени бидејќи илјадници Албанци на овие избори ќе гласаат за СДСМ!

ДУИ се апсолутно загрижени бидејќи илјадници Албанци на овие избори ќе гласаат за СДСМ и коалицијата со граѓаните. Многу од Албанците беа дел од граѓанските протести во изминатите две години, од шарената револуција… Како и стотици илјади Македонци. И ова не е случајно. Разочараните граѓани од криминалната власт (ДУИ е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ веќе 8 години) во изминатите години гледаат нова надеж во СДСМ како политичка партија со лидерство, знаење и капацитет да ја извлече Македонија од оваа политичка криза. Во изминатите 2-3 години СДСМ промовира нова идеологија на заедништво и здружување на сите граѓани кои сакаат поинаква Македонија, порамноправно општество, едно општество… На Албанците ова им се допаѓа. Граѓаните немаат време господине Ахмети да чекаат една или две децении. Сакаат подобар живот сега… Зошто да чекаат со децении кога времето е овде, животот е денес… Еднаш во еден коментар ве нареков успешен албански лидер, за што бев нападнат од неколку албански независни интелектуалци. Ама вашата идеологија господине Ахмети се истроши со имплементацијата на Рамковниот договор. Тоа е веќе во Уставот, успешно завршена работа… Мора да одиме напред… Но, Вие господине Ахмети, изминатите години, освен што учествувавте заедно со Груевски во една криминална власт, во недостаток на идеи ги натеравте Албанците во една етничка кутија каде Вие сакате да бидете апсолутен господар. Па, Вие ги изолиравте Албанците, ги гетоизиравте, ги осиромашивте… во Чаир, Арачиново и многу други градови и села. На Албанците ова не им се допаѓа. Тие сакаат да бидат рамноправни граѓани во Македонија. А вашата идеологија тоа не им го нуди. СДСМ го нуди токму тоа, да бидеме рамноправни без оглед на нашите разлики. Ние само како ИСТИ, како граѓани, можеме да бидеме РАМНОПРАВНИ… и никако поинаку! Затоа го создадовме #ПланотЗаЖивотВоМакедонија. За сите граѓани!

Фесјбук статус на Петар Атанасов

loading...
loading...
loading...
Close
WpCoderX