loading...

ЕВРОПСКА УНИЈА НАЈАВУВА ПОСЛЕДИЦИ ДОКОЛКУ СЕ ПОПРЕЧИ РАБОТАТА НА СЈО

Европратеникот Ричард Ховит во интервју за телевизија 24 Вести вели дека сите знаат дека во Македонија биле направени сериозни злодела и тој лично жалел поради тоа.

-Но, улогата на Специјалниот јавен обвинител е да го корегира тоа. Фер е да се каже дека во минатото има изразено загриженост во врска со досегашната соработка со судовите во поглед на достапните докази. Го земавме тоа предвид и го ставивме во резолуции и дискутиравме и се согласивме во Брисел, вели Ховит.

loading...

Тој додава дека треба да постои свесност дека доколку работата на СЈО биде на било каков начин попречувана, тогаш тоа ќе биде забележано и што се однесува до Европската Унија ќе има последици.

loading...
loading...
Close
WpCoderX