loading...

Омилените пијалоци на американските претседатели

Првиот претседател на САД Џорџ Вашингтон сакал виски, како и Ендрју Џексон, Мартин Ван Бурен, Закари Тејлор и Ендрју Џонсон. Според Вил-Вебер Џонсон бил толку пијан кога пристигнал на церемонијата на инаугурацијата, како потпретседател на Линколн во 1865 година, што требало да биде изведен од сцената. Џон Адамс утрото го почнувал со тврд сајдер (кој содржи алкохол) Вилијам Хенри Харисон исто бил голем обожавател на пијалокот. Според Вил-Вебер Томас Џеферсон купувал толку многу вино, што речиси стигнал до финансиски крах. Џејмс Медисон, Џејмс Монро, Џон Тејлор, Џејмс Полк и Илисис С. Грант сакале шампањ. Полк бил нај скромниот алкохоличар во групата. Вил-Вебер раскажува за мал скандал, кој станал при управувањето на Монро кога 1200 шишиња шампањско од Франција биле испорачани на сметката на Белата куќа.

Loading...

Џон Квинси Адамс, Милијард Филмор и Џејмс Бјокенен биле жедни за португалското вино Мадеира. Според Вил-Вебер Френклин Пирс бил еден од најголемите љубители на чашката во Белата куќа. Тој починал од цироза на црниот дроб на 64 години. Од другата страна пак е Абрахам Линколн пиел најмалку за време на својот мандат . Пивото била сакана пијалок на Џејмс Гарфилд и Грувер Кливленд.

loading...
Close
WpCoderX