loading...

ГРУЕВСКИ: НАРОДОТ Е ГАЗДА НА ОВАА ДРЖАВА! СЕГА МУ Е МАЈКАТА ДА БИДЕ ПОРАЗЕН ЗАЕВ

Интегрален текст од обраќање на Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

СЕ СЕЌАВАТЕ КАКО ВИКАА НАШИТЕ КОШАРКАРИ И РАКОМЕТАРИ?

loading...

ЗА КОГООО!?!?!

ЗА МАКЕДОНИЈА !!!

За Македонија која оди напред.

Сакам да ве прашам едно важно прашање денес, без многу да кружиме, без да го симнуваме нивото на напади кон противникот, само ќе прашам употребувајќи ја изјавата на кандидатот за Премиер на СДСМ господинот Зоран Заев – Дали македонскиот народ е грдото лице на Македонија!?!?

Дали ваков човек може да биде Премиер на оваа земја, дали ваков човек заслужува да ја добие довербата на нашите граѓани?

Драги мои сопартијци, почитувани пријатели,

Денес стоиме тука на презентацијата на кандидатите на претставувањето на кандидатите за пратеници, после оној ден во 2014-та година кога славевме победа со огромна разлика против опозицијата, после две години на тешка, сериозна криза, состојба на поделеност и конфликтност, состојба која не разори како држава, имаше за цел да ни го скрши духот.

После безброј манипулации дека има 500 илјади фантоми за да излезе дека ги нема, после куп лаги и подметнувања против нас кои се потврдија за неточни, после протестите на 5-ти мај, минатата година кога брутално ја напаѓаа и повредуваа полицијата, после настаните во Диво Насеље кога лажеа дека е убиено мало невино девојче, после запрени терористички акции на терористите во Диво Насеље, кои имаа за цел да нападнат и кренат во воздух трговски центри и јавни објекти низ Македонија, а некој утредента се сликаше на истото место со двата прста и уште насмеан до уши, после напади и фарбање на цел главен град и се што се изгради изминатиов период, институции, споменици на македонските херои како да се срамат од нив, и повторно напади на полицајци со што ќе стигнат, со боја, со молотови коктели, со шипки, потоа, после директни закани по живот за мене и моите најблиски, после пресретнатите долго подготвувани акции на цело со Чаушот кој нели дури прво не го познаваа и слично, после хајката од на Специјалното Јавно Обвинителство за кое на секого му е јасно дека одработува за некого и има исклучително политичка цел, после низа лаги за тоа кој прислушкувал и колку прислушкувани материјали постојат, после прогласувањето на фантоми, прво половина милион, па 200 илјади, па 50 илјади, па 20 илјади, после сериозни природни непогоди, поплави кои сакаа политички да ги злоупотребат.

После сите овие и многу други нешта што се случија, многумина ме прашуваа сиот овој изминат период како го издржа сето ова на нозе?

Секако тука неодминлив дел беа и констатациите на Заев дека паднале 93 литри во секунда дожд, значи замислете по еден поголем аквариум секоја секунда да паѓа на глава, дека за изборите на 11-ти декември ќе сме се договарале до 31-ви декември, или она дека од изборна единица од 311 илјади гласа, морало да се проверат 526 илјади гласа, или дека ќе ја зајакнувал културата со поетски читања, или па она дека химната која била интонирана на почетокот на првото заседание на АСНОМ се викала „Изгреј сонце на свободата“, а не Изгреј зора на Свободата. И слични изјави на лидерот на опозицијата кои исто така треба да се издржат,посебно.

Но, шегата на страна, одговорот не е воопшто едноставен, не беше лесно.

Лични навреди, тешки клевети, омаловажувања, цел платен арсенал политичко оружје и армија од луѓе насочени кон мене и моја дисквалификација, силно помогнати од еден познат филантроп. Оцрнување и понижување, брутални закани до мене и до моето семејство, оркестрирани од една група на луѓе, а потпомогнати од секакви туѓи структури кои имаат свој интерес во целата оваа ситуација.

Кога ќе се сетам наназад низ што се поминавме заедно со вас, како некогаш неизвесноста ни стоеше над глава, како ги слушавме оние деструктивци од опозицијата како се силат наоколу до секој граѓанин без разлика дали е наш подржувач или не, се закануваат, со гнев и омраза поттикнуваат напади по улици, кршења, палења, сквернавења на објекти, нарачуваа лични линчови, навистина човек да се запраша како издржавме до тука.

И кога ќе се обидам да најдам еден збор што ќе ја опише нашата цврстина, нашата волја, убеденост, поттик, мотив да истраеме во сиот овој изминат период, тој збор е сепак е тука пред нас. И секој го знае тој збор се вика – НАРОД!

Додека тие манипулираа наоколу со своите сценарија и со платени протестирачи, сега ги нарекуваат во Америка професионални протестанти, кои земаат дебели хонорари да го прават тоа што го прават, и тоа во нашиот случај најчесто странски пари, ние се потпиравме на волјата и на поддршката на мнозинството од народот, кој морам да кажам честопати беше доведуван во недоумица, во дилеми и во сомнежи, изложен на страшната пропаганда и напади кои ги трпевме.

Сакаа да не направат монструми. Но народот го виде тоа. Народот го препозна тоа.

Против Заев и на неговите ментори во Македонија се случи нешто слично како во изборите во САД, ако погледнете има многу сличности во сето ова што и таму се случува.

Против Заев се случи движење на тивкото мнозинство, тоа се мнозинството луѓе кои останаа да не поддржуваат и покрај целата црна кампања против нас, кои не подлегнаа на провокациите да има крв како што замислиле тие, ако се сеќавате добро што им беше планот, туку молчеа, трпеливо и мудро согледуваа и не наседнуваа.

Против Заев се случи НАРОД!

Тој народ на овие избори ќе донесе огромна победа за нашата коалиција, и ќе покаже дека тој народ е газда во оваа држава. Ако порано било потешко, во Илинденско или Партизанско време, овој пат тоа ќе се направи со пенкалото на изборниот ден.

Народот ќе им го даде својот одговор на сите оние кои го потценуваа.

Со вокабуларот на Заев јас ќе кажам, СЕГА МУ Е МАЈКАТА да биде поразен Заев и се она што тој и го направи на Македонија во изминатиот период. СЕГА МУ Е МАЈКАТА !!!

loading...
loading...
Close
WpCoderX