loading...

СПАСОВСКИ СУСПЕНДИРА ТРОЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ КОИ НУДЕЛЕ ПОТКУП ЗА ГЛАС ЗА ДПМНЕ

За две лица ќе биде отворена кривична истрага за изборен поткуп, а за други тројца, вработени во Министерството за внатрешни работи Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди ќе отвори постапка, но за нив се очекува и суспензија од работните места сé до завршување на постапката, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Loading...

Првоосомничената била член на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Прилеп и  вработена во државна институција, а се обидела да врбува сограѓанка ветувајќи и 60 евра за глас за владејачката партија. Улогата на тројцата униформирани припадници на МВР се уште се проверува, но како што се дознава тие ги придружувале осомничените кои нуделе поткуп за глас на парламентарните избори.

loading...
Close
WpCoderX