loading...

Повик до амбасадорите да го смират Груевски после заканата со ликвидација

Роберт Милевски

Loading...

Паниката е лоша работа. Паниката никому не носи ништо добро. Денес, искрено, посебно сум загрижен од некои текстови и најави. Од една страна читам за можност за нови бомби, од другата страна Латас прави прилози за опасноста по македонската држава ширејќи немир помеѓу народот, Миленко предупредува за полнење кутии и паѓање крв, а наводно Груевски на митинг во Делчево се заканил по животот на лидерот на опозицијата Заев со некакви Ќосиња.

Аплеирам до сите вас, спуштете ја топката под итно! Смирете ја ситуацијата, оти никому не носи ништо добро. На 11-ти Декември не е крај на светот. Сонцето за сите ќе раздени и на 12-ти. Изборите се нормален дел од политичкиот живот и битка. Не ги заострувајте односите, оти и утре ќе треба да се погледнеме во очи.

Посебно сакам да апелирам до странските амбасадори кои имаат некакво влијание во политичкиот процес уште утре изутрина да ги повикаат и да направат средба со сите лидери на партии и да ги убедат да ја смират ситуацијата и да ја намалат тензијата!

За Македонија се работи! За народот на Македонија, за сите граѓани! Не си играјте играчки и размислувајте трезвено пред било што да соопштите или да преземете како јавни личности! Разумот мора да надвладее над емоциите! Тоа му го должите на народот!

loading...
Close
WpCoderX