loading...

Со гладен народ е најлесно, земете во предвид дека Ќосето нема да ги нахрани сите гладни усти во земјава

Маринела Мајнова

Јас за Ќосето имам да кажам една работа : да го дислоцирате под итно од пред судовите каде што е лоциран ! Се до тогаш неговото присуство таму ќе го толкувам на следниот начин:
1. Сакате да порачате дека правдата во Македонија на крајот на денот се добива само на Ќосевски начин.
2. Од точка 1. следува дека сите ние џабе се изнаучивме право кога во 2017 ќе ни дојде некој современ Ќосе, ќе застрела некој и ќе си отиде у планините како ништо да не било.
3. Големината во која што е направен (уште малку поголем од судската зграда-сами проценете шо значи тоа) поттикнува глорификација од ист вид каква што поттикнува Александар на коњот на плоштад. Ова означува дека треба убаво да ја кренете главата нагоре за добро да го запазите и во тој момент да се почувствувате како горд потомок на таков храбар борец за Македонија, иако можеби во моментот кога го гледате во џебот немате ниту за автобуски билет ниту за леб. Ама тоа што сме потомци на Ќосето е храна која никакви пари не ја плаќаат, така ? Чувството кое треба да го поттикне во секој оној кој гледа во тој споменик е исто така важен дел во начинот на кој многумина оформуваат ставови и мислења денес, меѓу кои за жал многу млади луѓе кои искрено веруваат дека лекот е во силата, во пушката и во линчот.
4. Ги труете младите генерации дека на сила се може да помине. Плус правите да веруваат дека ќосевата правдина е вистинска правдина. Ваквиот популизам не мине на празен стомак. Иако со гладен народ е најлесно, земете во предвид дека Ќосето нема да ги нахрани сите гладни усти во земјава.
И да нагласам, горенаведеното не значи дека немам почит кон Ќосето и неговиот лик и дело за времето и околностите во кои делувал и идеите за кои се борел, АМА !!!! во 2017 година кога lex talionis (око за око заб за заб со пушката), ропството и шотијазнам се далеку зад нас, со современ начин на функционирање на правосудство (зборувам глобално) и пред се со цивилизациски напредок во начините на добивање правда, да промовирате племенски методи за освојување власт и да ми го кажувате Ќосето на митинзи во предизборие е резил од невидени размери !

loading...
loading...
loading...
Close
WpCoderX