loading...

ПРЕДСТАВАТА ЗАВРШИ! АДИО! Следи само ДЕМОНТАЖА на бината!

Зоран Јованоски

СДСМ вети бесплатно болничко лекување за сите. Мене оваа мерка ме подсетува на социјализмот каде што сите се чувствуваа безбедни и не ја чувствуваа оваа неизвесност која ја чувствуваат денес.

loading...

Денес е нормално да се живее од денес за утре, но барем бесплатното болничко лекување да биде некоја сигурност.

Исто така СДСМ (чинам) вети и 12.000 денари за секое семејство кое нема никакви приходи. И оваа е одлична мерка за поголема субјективна но и објективна сигурност на граѓаните…

Сретнав еден говор на ТИТО каде што тој вели “Во капитализмот, секој може да збори што сака, секој може да прави што сака, но и секој може да цркне како куче под некој мост, а во созијализмот тоа не е можно од причина што целата заедница се грижи за него„

И ова е претеристички, но како беше во времето ДЕМОН-ХРИСТИЈАНСКИОТ ПАТРИОТИЗАМ на Груевски некогаш?

Секој НЕ можеше да збори што сака, секој НЕ можеше да прави што сака, но секој МОЖЕШЕ и да цркне како куче каде сака, што од глад, што од неможност да си го плати лекувањето, образованието или загревањето на домот.

Секој освен неговите СЛЕПИ ПОСЛУШНИЦИ, односно нешто повисоко позиционирани и најподобни послушници…

Тоа беше систем на квази Христијанство, инспекциска демократија, инспекциска слобода и пропагандистичка социјална сигурност која што егзистираше само виртуелно на Грујовизиите финансирани и дополнително стимулирани (осигурани) со буџетски пари. Но тоа беше систем и на КРИМИНАЛ и ДРСКОСТ и ЗЛОУПОТРЕБИ, но и на најбезобразна партизација на општеството.

НО ТОЈ РЕЖИМ ПАДНА! АДИО!

Представата заврши и сега сме во постапка на ДЕМОНТАЖА на бината.

loading...
loading...
Close
WpCoderX