loading...

Најчевска: Навистина треба да престанеме да се однесуваме нормално кон ненормални луѓе кои очигледно се исклучително опасни и насилни

Треба да си навистина шизофреничен лудак на кој мора да му биде ставена лудачка кошула заради тоа што може да се повреди и самиот себе, во исто време да повикуваш на палење на амбасада, да тврдиш дека странците насила те туркаат во НАТО, дека Русија е нашата иднина и да ги викаш европските амбасадори на муабет за европската иднина на Македонија.
Навистина треба да престанеме да се однесуваме нормално кон ненормални луѓе кои очигледно се исклучително опасни и насилни. Ајде да почнеме да ги пријавуваме во полиција (секој од нас посебно) и да побараме нивно привремено тргнување од улица и ставање под психијатриски надзор.
Или, Поповска се обидува да ќари во ситуацијава и да се прикаже како спасител на државата и да се искачи на раководна позиција газејки врз Груевски и Мијалков?

Мирјана Најчевска

loading...
loading...
loading...
Close
WpCoderX