loading...

Режимските медиуми во очај! Пропадна договорот на ДПМНЕ со ДУИ за Влада

Пропаднат е договорот за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. После кратки но интензивни преговори, челните лица на партиите дури и полесно од очекуваното не се договорија под кои услови ќе се состави новата влада во Република Македонија.
Провладините медиуми сонуваат Груевски да направи Влада со ДУИ, но штом се разбудат ознојани сваќаат дека тонат во очај бидејќи веќе неколку месеци се без финансиска државна помош, народна цицка од која не можат повеќе да го цицаат, млекото. Никогаш не биле позависни и економски и политички отколку во ерата на режимското владеење на Груевски.
Коруптивното финансирање на медиумите стана јавна тајна. Сите во земјата слушнаа за срамните донации на телевизиските газди со рекламно време ексклузивно само за власта и владејачките партии. Владата прерасна во најголем селективен огласувач и работодавач, што апологетите јавно го истакнуваат како голем успех. Сѐ погласни и позастрашувачки се заканите кон оние што се рекламираат во независните и професионални медиуми.
Редовното откривање и прогласување на државни непријатели и странски платеници на поддршката од меѓународни фондации и невладини организации кои ги помагаат медиумите одвај колку да преживеат е денешниот мачен медиумски амбиент во Македонија. Договор нема, за тоа доказ се измислените новости на провладините портали. Високи претставници на ДУИ почнаа јавно да говорат против соработка со Груевски. Како причина ја наведуваат неговата анти-албанска и анти-западна реторика. Самиот потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта, изјави дека ниеден Албанец не сака да соработува со Никола Груевски, додека партискиот портпарол, Бујар Османи, изјави дека одлуката за коалицирање нема да биде во спротивност со волјата на Албанците.
loading...
loading...
Close
WpCoderX