loading...

Најчевска: Од интервјуто на пратеникот Груевски дознаваме дека секој оној кој ќе каже нешто лошо за ДПМНЕ е платен од Сорос, и е член на СДСМ

Мирјана Најчевска

Loading...

Што дознавме од интервјуто на пратеникот Никола Груевски:
1. Дека Сорос со сета сила работи на намалување на вработеноста во Македонија и на ослабување на македонската економија. Во ова вложува огромни пари и други ресурси.
2. Дека Сорос е крајно неуспешен во своето делување. После 25 години и толку фрлени милиони, Македонија успешно му се спротиставува на намерите.
3. Дека создавањето на отворени општетсва е голема закана за светот, кој по природата на нештата би требало да живее во затворени општетсва.
4. Дека Груевски е многу несреќен затоа што Сорос за ништо не го пофалил.
5. Дека секој оној кој ќе каже нешто лошо за ДПМНЕ е платен од Сорос, и е член на СДСМ.
6. Дека Сорос ја нарачал шарената револуција и сите други протести кои се одржуваат во Македонија (а за кои воопшто немало никаква потреба).
7. Дека невладините организации не смеат да останат невладини туку треба да станат владини и на тој начин да ја потврдат својата независност.
8. Дека Груевски е жртва на платеници кои ги извртуваат неговите зборови и неговите постапки.
9. Дека само платениците на Сорос зборуваат за недостаток од слобода и демократија (во извештаите на ЕУ, на Советот на Европа, на ОБСЕ не се спомнува корупција, партизација, неслобода на медиуми, политички затвореници, зависно судство, отсуство на слобода и демократија).
10. Дека во Македонија не се случува ништо од она што тврдат платениците на Сорос (нема сиромаштија, не умираат бебиња и родилки, животниот век на луѓето не се намалува, не е убиен Мартин нешковски, судовите не се партизирани, администрацијата е независна, не се трошат пари на Скопје 2014, имаме најдобра железница во Европа, стандардот е висок, образованието е супер, а здравството на завидно ниво).
11. Дека ДПМНЕ ја поддржува слободата на медиумите секогаш кога известуваат правилно и ја кажуваат вистината.
12. Дека СДСМ е на власт и Сорос го поддржува владеењето на оваа политичка структура.

Јас сум интелектуалец кој го критикува ДПМНЕ и ова интервју го разбирам како директна закана за мене, моите права и слободи и мојот интелектуален и физички интегритет.

loading...
Close
WpCoderX