loading...

Уште колку генерации ќе бидат казнети затоа што сакаат ЖИВОТ ?

Ивет Ѓорѓиева

Loading...

ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците ја усвоијле денес заедничката платформа која ќе биде основа на партиите на Албанците во преговорите за формирање на нова влада.

Ја прочитав неколку пати, и само едно закличив.
ЛАГА , МАНИПУЛАЦИЈА, ТАКТИЧКА МАТЕМАТИКА ПОДЕЛБА

дуи НИКОГАШ нема да дозволи обелоденување на Диво Насеље, Монструм и сите злодела кои ги договарал Ахмети, а се платени со пари на граѓаните.

Платформа без форма на граѓанско општество, сопствена ОДГОВОРНОСТ, барање санкции за сопствената неодговорност, национализам , катанец за затворена врата на граѓанска еднаквост., и никаде не прочитав дека бараат еднаква фискална политика за Западна Македонија, еднакви санкции за неплаќање даноци, струја, еднакви законски санкции за криминалот во дуи.

На земјава и треба влада која ќе се грижи подеднакво за секој граѓанин, која ќе го третира како ЧОВЕК секој граѓанин, и која ќе го казнува секој сторител на кривично дело како граѓанин.

Ние бараме простор за да живееме помеѓу математиките на криминалците и мафијашите.
Уште колку генерации ќе бидат казнети затоа што сакаат ЖИВОТ ?

loading...
Close
WpCoderX