loading...

Граѓаните гневни!!! Им ги лапнаа 1 милион и 550 илјади евра за да не можат да го исчистат снегот

1 милион и 550 илјади евра добиле три приватни фирми за чистење на снегот и патиштата.

Македонија пат ги договорила фирмите НБ-ТРАНС СОМПАНУ ДОО Тетово, ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ увоз-извоз с. Долно Строгомиште, Зајас, и ЈОСКАТРАНС-ТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Демир Хисар за извршување патни работи во зимски услови но и покрај тоа што вчера од Македонија пат тврдеа дека се подготвени да се соочат со предизвиците, е направен огромен пропуст и надлежните потфрлија, а како резултат на тоа стотици автомобили беа заглавени и блокирани на патиштата ширум земјава.

loading...

Патиштата цел ден речиси останаа неисчистени и помрзнати, а скопските власти акцентот го ставија на главниот град каде беа фрлени 180 тони сол.

Меѓотоа, нереагирањето на надлежните зимски служби ги разгневи граѓаните.

Социјалните мрежи е единствениот помагател кога треба да се дознае нешто или да се рашири некоја информација за помош.

Токму од нив медиумите беа привично информирани каква е состојбата и дека патиштата воопшто не се исчистени, а снегот изгледа изненадно им тропна на врата и ги фати неподготвени службите задолжени за реагирање при такви случаи.

Последните информации на Авто-мото сојузот од 18 часот говорат дека во прекин е сообраќајот на патниот правец Штип – Велес на м.в Три Чешми бидејќи е излизгано тешко товарно возило. 

Поради снежни наноси и ветер не се препорачува да се користи патниот правец Велес – Штип.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато како и Маврово-Дебар.

Многу критики и за градоначалникот на Скопје Коце Трајановски

Кога има нешто за фалење тука пак е Фејсбук. Токму на оваа социјална мрежа негативни критики доби скопскиот градоначалник кој пишува дека екипите на зимската служба интервенирале низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Како што може да се забележи од коментарите под постот граѓани пишуваат дека не можат надвор да излезат пеш а камоли со автомобили.

Многумина му порачуваат на Коце да излезе надвор и да се соочи со изненадувањето кое снегот му го приредува секоја година а граѓани од Радишани, Ќерамидница и Бутел низ шега пишуваат „да не се фрла сол во нивните места бидејќи нема да можеле да се санкаат“.

Овој пропуст на надлежните им донесе уште еден голем минус. Среќа е што сепак нема жртви.

Извор: Фактор

loading...
loading...
Close
WpCoderX