loading...

ДПМНЕ И СДСМ ГЛАДНИ ЗА ВЛАСТ НЕ ГО КОРИСТАТ ВЕТОТО ШТО ИМ ГО ДОЗВОЛУВА СИСТЕМОТ

Билјана Ванковска

Колку е наивно тврдењето дека Платформата на албанските партии е напуштање на Рамковниот договор! НИКАКО! Без РД немаше ни да има ваков бизарен (дис)баланс на политичките сили. Немаше да биде можно странски држави да ни го кројат не само поредокот, туку и идентитетските постулати. Да не беше воведен консоцијцискиот модел на политички систем во 2001 со РД, а потоа и со Уставот, воопшто и немаше да биде можно да се врши ваква националистичка уцена на еден „сегмент“ (да го употребам изразот на Липхарт) или „заедница“ (уставниот термин) врз другиот/другите. Сите што и малку знаат нешто за овој модел, се свесни дека неговиот „парашутинг“ (наметнување со сила) во 2001 година значеше воведување на бинационален систем и систем на уцени. Во МК недостасува барем трет сегмент кој би балансирал. Апсурдот е поголем кога се знае дека 25% од популацијата има/бара ист статус со заедница која има 65% од популацијата. Во сегашни услови тоа значи дека 20 пратеници имаат поголема тежина од останатите 100, само затоа што двата македонски актери не можат со очи да се видат, а немаат ни некој Рама или Тачи да ги фати за уши. ДПМНЕ и СДСМ воопшто и не го користат правото на вето што им го дава системот, затоа што се гладни за власт и привилегии, и тоа едните за сметка на другите. НИТУ ЕДНА од актуелните парламентарни партии нема ни доблест ни желба на прво место да го стави државниот интерес, заедништвото, и социјланата благосостојба на граѓаните без оглед на нивната припадност. Добрата вест е дека албанските фактори испорачаа барања за кои знаат дека се неостварливи (без двотретинско мнозинство, т.е. без дозвола на ДПМНЕ и СДСМ), но лошата вест е дека тие имаат визија за иднината – знаат што сакаат за својата заедница, без оглед колку се делат или множат, и какви идеолошки наметки си ставаат.

loading...
loading...
loading...
Close
WpCoderX