loading...

Првиот бремен маж во Британија! ФОТО

Хајден Крос, кој е роден како девојче, веќе три години живее како маж, но одлучил да роди дете пред да се подложи на операцијата на промена на полот.

Идниот татко, кој го нашол донорот на сперма на Фејсбук, сега е во четвртиот месец од бременоста. Тој се обратил на британската Национална здравствена служба за да дознае дали неговите јајце-клетки можат да се замрзнат пред да се подложи на операцијата на целосна промена на полот, но неговото барање било одбиено.

loading...

Откако ќе се породи, хируршки ќе му бидат отстранети дојките и јајчниците.

– Да се носи дете во утробата е нешто што се поврзува со жените и е во спротивност со чувствата во моето тело. Сакав дете сега за да можам да го променам полот пред да остарам. Ќе го воспитувам детето во опкружување во кое транссексуалноста не е ништо необично па верувам дека тоа нема да биде проблем – рекол Хајден.

Подготви: К. А.

Фото: www.mirror.co.uk/ David Hedges / SWNS.com

loading...
loading...
Close
WpCoderX