loading...

Бесот заради својот неуспех Груевски мора врз некого да го истури а вината да се префрли по навика врз домашниот и надворешниот непријател

Ѓорѓи Спасов

Груевски ја започна својата анти Сорос револуција во САД за да го придобие Трамп

loading...

Истовремено со протестот на десетина груевисти пред кулата на Трамп во САД, партијата на Груевски денес објави дека во Македонија официјално започнува “десоросоизацијата” најавена лично од него во Прогласот што го читаше пред ДИК.
СДСМ И Сорос се прогласени за “наголемите душмани” на независното новинарство во Македонија кое, според слободата на печатот е на 123 место во светот , а Македонија е во друштвото на најнеслободните земји.
СДСМ и Фондацијата Сорос во Македонија според партиското соопштение на ВМРО се “гробари” на демократијата што ја градел Груевски, марионети, слепи послушници, платенички револуционери, срам и елементарна непогода за Македонија.
Според речникот и интензитетот Груевски започнува прогон кој треба да заврши со забрана на Фондацијата Сорос па ако е можно и на СДСМ.
Му недостига само уште формирање влада со ДУИ за да се справат со душманите како тоа што го прават Орбан,Путин и Ердоган.
А ако не му успее тоа на ВМРО тогаш никој да не смее ниту да се обиде да прави влада со ” душманите” на Македонија.
Но сето тоа веќе го кажуваа пропагандистите на Груевски во штотуку завршената изборна кампања .И зошто некој би верувал дека во некоја идна кампања таквите глупости би биле поуверливи? Но бесот заради својот неуспех мора врз некого да се истури а вината да се префрли по навика врз домашниот и надворешниот непријател. Да не учествуваше СДСМ на изборите и да не беа неколкуте слободни медиуми Груевски сигурно ќе освоеше 63 пратеници и никој не ќе можеше да го уценува.
Затоа овој последен обид на Груевски за вовлекување на земјата во уште подлабока криза мора да биде оневозможен.

loading...
loading...
Close
WpCoderX